Најголемата страница за мали огласи во Македонија
 

Прашања и Одговори

За почеток ќе најдете одговори на некои од највообичаените прашања кои ги поставуваат посетителите. Вие сте секогаш добредојдени да го контактирате Пазар3 за разни прашања. За да го сторите тоа, пополнете го образецот најдолу на страницата и притиснете на „испрати“ па ние ќе Ви одговориме најбрзо можно.


  Вообичаени Прашања и Одговори
 
1. Колку чини да се внесе еден оглас?
Бесплатно е.

2. Јас внесов оглас. но тој не беше прифатен. Зошто?
Вообичаените причини се: Вашиот оглас чека на ред за контрола од страна на персоналот на Пазар3. Доставен оглас се контролира согласно правилата на Пазар3 и обично се изложува во рок од два-три часа. Огласите коишто се внесуваат доцна навечер обично се изложуваат следното утро.
Вашиот оглас ги прекршува правилата на Пазар3 и не е одобрен. Можеби веќе сте внеле еден оглас за истиот предмет. Прочитајте за сево ова на Правила на огласување

3. Како да го избришам, изменам/обновам огласот?
Прво го барате својот оглас и влегувате со притиснување во него. Кога сте веќе во огласот, притиснете на „Избриши, измени, обнови“ кои се наоѓаат најгоре на страницата. Потоа одберете помеѓу „Избришете го огласот“ или „Сменете/обновете го огласот“, понатаму мора да ја наведете лозинката за огласот, којашто ја одбравте при внесување на Вашиот оглас. Вие што сте ја заборавиле лозинката, може да Ви биде испратена на Вашата е-пошта. Условот секако е да сте дале важечка е-пошта при внесување на огласот.

4. Огласот сè уште е таму, иако го избришав?
Потребни се 15 минути за да исчезне. Исто така можеби твојот веб-читач ја складирал страницата во интерната меморија на компјутерот.

5. Зошто мора да напишам телефонски број иако не се покажува на огласот?
За Пазар3 да стапи во контакт со Вас по потреба.

6. Зошто е скриена мојата е-пошта на огласот?
За да се избегне да биде искористена за праќање на реклами. Е-поштата се крие во образецот за одговарање.

7. Колку време останува изложен еден оглас?
3 месеци, доколку не го избрише огласувачот.

8. Дали функционира HTML код во огласот?
Не.




Copyright © 2006-2009 Pazar3 Inc. All Rights Reserved. Designated trademarks and brands are the property of their respective owners.
Use of this Web site constitutes acceptance of the Pazar3 User Agreement and Privacy Policy.
Pazar3 official time