1) Пребарувај!
Најдобро е од прва рака да видите доколу има некој огласен купувач којшто е заинтересиран за купување на токму Вашиот предмет. Тоа ќе го сторите ако внимателно пребарувате помеѓу огласите за купување на Пазар3 кои се наоѓаат под „Се купува“. Потоа, го барате предметот што самите го продавате.
Прочитајте како се користи функцијата за пребарување!
2) Внесете го продажниот оглас
Најчесто се случува да мора да внесете оглас кога немате најдено потенцијални купувачи помеѓу изложените огласи за купување. Еден продажен оглас подразбира јавноста да знае дека продавате предмет. Внесувањето на огласот почнува кога ќе притиснете на „Внеси оглас“, коешто се наоѓа во погоре даденото мени. Следниот чекор е да се пополни образецот за регистрирање на оглас којшто се состои пред сè од податоци за лицето и огласот. Помислете дека добро составен оглас ги зголемува Вашите шанси да го продадете Вашиот предмет побрзо и при тоа по повисока цена. Подолу следи препорака за тоа на што треба да мислите за да составите добар оглас.
Составете добар оглас
Погледнете неколку други огласи со слични предмети и размислете што е причината што одредени продавачи ставиле поголема цена од други. Важно е итот така и Вашиот предмет да се смести под правилната категорија, инаку се намалува шансата за продажба.
Нешто на што треба да се мисли...
Колку интересен се чини Вашиот предмет?
Колку можеш да очекувате да добиете за Вашиот предмет?
Што прави некои да добијат повеќе пари од други? (разгледајте ги цените, сликите и описите на предметите)
Во која категорија најдобор припаѓа Вашиот предмет?
Заглавје
Заглавјето треба да биде информативно – и пред сè лесно пребарливо! Наведете што продавате како и најважните карактеристики на предметот. Повеќето купувачи ги пребаруваат зборовите кои се појавуваат во заглавјата.
Нешто на што треба да се мисли...
вид на предмет (на пример – дигитален апарат)
производител или марка (на пример Canon)
модел (на пример EOS 20D),
карактеристики, состојба (на пример, нов, во оригинално пакување, боја, димензии),
друг опис ( на пример уникат, старина).
Пример за добро заглавје: Canon EOS 20D дигитален апарат, 4 гб мемориска картичка, 2 години стар.
Пример за лошо заглавје: Дигитален апарат
Опис на предметот
Многу е важно Вашиот опис да е јасен, целосен и точен. Бидете искрени за евентуалните дефекти или недостатоци. На тој начин купувачот знае што тој или таа може да очекува.
Текстот направете го лесно читлив со поделување на пасуси или точки.
Опишете го следново:
карактеристики (на пример, големина, боја, материјал)
состојба (на пример, нов, половен, дефектен, целосно функционален)
детален опис (технички детали, што е вклучено, посебни карактеристики)
модел, сериски број, ISBN
Пример за тоа како изгледа еден добар опис: Го продавам мојот Canon IXUS 850 IS дигитален апарат. Купен е пред две години, употребен е неколку пати. Во нова состојба е и се дава во оригиналното пакување.
Апаратот е елегантен, со куќиште целосно од метал. Сите мотиви ги фаќа до најситниот детаљ и квалитетот е добар и за големи отпечатоци на фотографии.
Апаратот има:
7,1 мегапиксли и 3,8x широкоаголен објектив (оптички стабилизатор на слика)
2,5 инчен ЛЦД екран
ИСО 1600 и Висок ИСО Ауто кои овозможуваат надвор да се фотографира без блиц.
Повеќе информации има на www.canon.com
Пример за тоа како изгледа лош опис на предмет.
Го продавам мојот дигитален апарат. Го купив кога одев на одмор во странство претходното лето. Наместо него сакам да купам нов.
Слики
За огласите со јасни слики најчесто има најмногуи распрашувања. Тоа ја зголемува шансата за продавање на твојот предмет – и тоа за повисока цена.
Нешто на што треба да се мисли...
Ставете гопредметот пред неутрална позадина.
Проверете дали имате доволно осветлување и не фотографирајте спроти светлината.
Обидете се целиот предмет да го фатите во сликата.
Фотографирајте од разни агли и слободно фотографирајте ги деталите.
Направете повеќе фотографии и изберете ги најдобрите!
Најдобар квалитет на фотографијата се постигнува при користење на дигитален апарат.
Измени/избриши/обнови го твојот оглас
Секогаш имате можност да направите измени во огласот во текот на 90 дена во кои огласот е изложен. Измените може да се направат во сите податоци на огласот освен во категоријата и заглавјето. Можете да одберете да го избришете Вашиот оглас доколку сте го продале предметот, на тој начин нема непотребно да Ве бараат луѓет. Прво го барате својот оглас и притиснувате на него. Кога сте веќе во огласот, притиснете на „Избриши/Измени оглас/Обнови“ кои се наоѓаат најгоре на страницата. Потоа одберете помеѓу „Избриши го огласот“ или „Смени/обнови го огласот“, понатаму мора да ја наведете лозинката за огласот, којашто ја одбравте при с тавање на Вашиот оглас. Вие што сте ја заборавиле лозинката, може да Ви биде испратена на Вашата е-пошта. Условот секако е да сте дале важечка е-пошта при внесување на огласот.